Едноставно е
Ако спаѓате во онаа група на луѓе кои сакаат да експериментираат со природни состојки заради убавина и здравје, овие рецепти се совршени за вас.
Рецепт за правење спреј за отплеткување за возрасни:
4 супени лажици дестилирана вода
1 лажица течен глицерин
4 лажици кокосово масло
4 супени лажици рицинусово масло
4 супени лажици есенцијално масло од нане
празно шише со распрскувач
Сите овие состојки измешајте ги заедно и добро протресете, за добро да се соединат.
Вашиот спреј е готов и можете да го користите после секое миење.