Не треба да трошите многу пари на производи за нега на кожа. Можете сами да направите ефикасен лосион од природни состојки, според грчки рецепт стар 2000 години.
Овој препарат е фантастичен за нега на кожата на лицето, но е и ефикасно средство за отстранување шминка.
Ви треба:
1 лажица мед
8 лажици рендан пчелин восок
200 мл бадемово масло
половина чаша вода од роза
Постапка:
На тивок оган растопете мед, восок и бадемово масло.
Кога се добро ќе се стопи, тргнете ја смесата од оган и оставете да се излади, но не целосно.
Во топлиот восок капка по капка додавајте ја розовата вода со постојано мешање.
Кога лосионот добро ќе се измеша, истурете го во стаклени тегли кои ќе ги затворите дури кога препаратот целосно ќе се излади.