Имате упатства за одржување на секое парче облека, што секако е во согласност со материјалот од кој е направен тој артикал.
Сепак, луѓето кои професионално се занимаваат со перење и сушење алишта, посочуваат дека и покрај декларацијата, одредени материјали треба да однесете на хемиско чистење.
За да бидете сигурни дека ќе бидат испрани на правилен начин и ќе го зачувате нивниот квалитет, облеката од овие материјали сепак треба да ја препуштите на професионалците:
- Волна
- Лен
- Превртена кожа
- Свила
- Кашмир
- Вискоза (вискозна свила)