Доколку не сакате да јадете кора од јаболко, или пак подготвувате колачи и ви е само вишок, еве како можете да ја искористите.
Направете закуски
Јаболката се полни со антиоксиданси, особено во кожата. Всушност, речиси половина од витаминот Ц на јаболкото се наоѓа во неговата кожа. Можете да ја добиете вашата доза на антиоксиданси за појадок со желе направенo од кора или дури и чипс направен од кора. Се што треба да направите е да посипете парчиња кора од јаболко со малку вода, шеќер и цимет. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 150°C додека не станат крцкави (повремено вртете ги).
Исчистете ги садовите
Алуминиумските садови со кора од јаболко лесно се чистат, бидејќи содржат киселини кои ги раствораат нечистотиите. Сварете грст кори од јаболка и оставете ги да се динстаат во садот што сакате да го исчистите 20-30 минути. Нечистотијата треба да исчезне (ќе се подигне).
Направете чај
Така најдобро ќе добиете многу антиоксиданси од кората на јаболкото, без шеќер. Потребни ви се грст кори од јаболка, 3 до 4 чаши вода, половина лажичка цимет, 1 лажица мед и 1 лажица сок од лимон. Во сад ставете ги сите состојки освен медот и варете ги околу 15 минути. Процедете, додадете мед и имате совршено здрав напиток.
Освежете го воздухот
Јаболкото и циметот се омилените мириси за домаќинството на многу луѓе. Сварете ги корите од јаболка, циметот, ѓумбирот и лимонот. Оставете да испари додека мирисот се шири низ куќата, пишува Matter of Taste.