Пепелта од огревно дрво е толку корисна што може да се користи на многу начини, па ако се загревате на дрво, тогаш никако не го фрлајте.
Пепелта може да биде од голема помош при чистење на куќата или поттик за растенијата да растат побрзо, и еве како сè уште можете да ја користите!
Земјоделците знаат многу колку пепелта може да биде одлична за земјата, така што тие често ја користат како храна и за зголемување на киселоста на земјата. Особено влегува во растенијата што сакаат калциум, како што се домати, спанаќ, лук, но и рози. Пред да ги посеете овие растенија, додадете четвртина чаша пепел од дрва на земја.
Исто така, кога ќе ја измешате пепелта со вода и ја оставите неколку дена, а потоа да процесирате, добивате активна состојка која е одлична за чистење облека, подови, сребро, ‘рѓа од мермерни површини. Малку погуста варијанта на пепел и вода во форма на паста може да ги извади дамките од мебелот. Исто така, сапун од оваа смеса е одличен за оние кои имаат мрсна коса.
Пепелта добро отстранува непријатни мириси во станот, но и во фрижидер, и работи слично како оцет, ја „влече“ аромата на некои од намирниците.
Некои штетници, како што се полжави и разни инсекти, не поднесуваат пепел, така што многу лесно ќе ги решите со помош на овој „отпад“. Истото важи и за мравките – посипете пепел и мравките веднаш ќе заминат. Корисно е да истурите малку пепел во аглите, затоа што на тој начин ќе избркате глувци, лебарки и други штетници.