Не ѝ е прв пат: Филмска ѕвезда се залетала со автомобилот во ресторан, за среќа нема повредени

popara17 јули, 20231min00
o_29762007_1280

Во сообраќајната несреќа што ја предизвика големата актерска ѕвезда од осумдесетите и деведесетите, Розана Аркет, нема повредени. Како што е познато досега, актерката изгубила контрола над своето БМВ и влегла во трговски центар во Малибу, Калифорнија, и удрила во мексиканскиот ресторан Lily’s Malibu. Нема индиции дека 63-годишната актерка, нам најпозната од филмовите „Desperately Seeking Susan“, „The Big Blue“ или „Pulp Fiction“, била под дејство на алкохол или дрога, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот. Росана излегла од автомобилот по несреќата шокирана и за среќа без гребнатинка, но ресторанот претрпел штета и морал да биде евакуиран, објави Пејџ Сикс.

Актерката удрила во столб од ресторанот, а се чини дека од силината на ударот оштетени се и две дополнителни потпорни греди кои го држат покривот на зградата. БМВ-то ја скршило и стаклената бариера која ги делела дуќаните од паркингот, оставајќи зад себе расфрлани парчиња стакло. Притоа, десната страна на автомобилот била уништена, а до несреќата дошло, соопштија надлежните, затоа што возачот несакајќи се „спуштил“ нанапред од паркинг просторот, наместо да се врати наназад. Како мерка на претпазливост, Аркет билa пренесенa во болница, а продавниците во близина на местото на несреќата морале да бидат затворени додека се проверувала стабилноста на објектите.

Интересно, ова не е првпат филмската ѕвезда неодамна да доживее сообраќајна несреќа – во мај минатата година таа го уништи својот Tesla откако удри во задниот дел на камион во трговскиот центар Palisades Village во Лос Анџелес. За среќа, ниту во таа несреќа никој не е тешко повреден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag