„Појадокот е најважниот оброк во денот“. Оваа реченица по се изгледа дека е вистинита.
Според студија спроведена на универзитетот Колумбија, избегнувањето на појадокот може да доведе до зголемен ризик од срцеви заболувања, мозочни удари, висок крвен притисок, дијабетес и дебелеење.
Истражувачите анализирале и други научни студии кои го поврзуваат појадокот со срцеви заболувања и откриле дека луѓето кои го прескокнуваат имаат 27% поголеми шанси да доживеат од срцев удар и 18% поголеми шанси да доживеат мозочен удар.
Во истражувањето исто така се тврди дека оние кои појадуваат секојдневно имаат помали шанси да страдаат од покачен холестерол или крвен притисок. Научниците велат дека тајмингот во кој се јадат оброците многу влијае на внатрешниот часовник во организмот.
Денес често се случува луѓето да го избегнуваат појадокот, заради брзото темпо на живот, но експертите советуваат внимателно планирање на времето за да не дојде до избегнување на овој оброк. Освен тоа, доколку немате време да појадувате дома, експертите советуваат да си носите здрави оброци со вас на работното место, а да ги подготвувате од вечерта.