Малите капки создадени со прскање на вода можат да патуваат и до два метри
Докторка откри алармантна причина зошто никогаш не треба да пуштате вода додека седите на тоалетот.
Во видеото објавено на „TikTok“, д-р Мехравих Сеиед Сајах рече дека вака може да се контаминирате со бактерии:
– Кога ќе се исплакне тоалетот без да се затвори капакот, во воздухот може да се испуштат мали капки кои содржат бактерии и да патуваат до два метри, објасни таа.
Тоалетите имаат тенденција да содржат многу непријатни бактерии – особено во моментите откако сте ги користеле.
Опасните бактерии како ешерихија коли и стафилокока можат да завршат во воздухот и на вашата кожа, потенцијално да ве остават покриени со инфекции и заразени делови од телото.
Ешерихија коли може да предизвика силна болка во стомакот, крвава дијареа, па дури и откажување на бубрезите. Симптомите обично траат до седум дена ако нема компликации, но некои инфекции можат да бидат тешки и опасни по живот.
Стафилококата обично предизвикува само кожни проблеми како што се рани, дамки и осип. Но, ако влезе во крвотокот, може да предизвика инфекции на крвотокот, пневмонија или инфекции на коските и зглобовите.
– За да се спречи тоа, се препорачува секогаш да се затвора капакот пред пуштање вода, изјави докторката.
Таа, исто така, предложи да се одржува „чистотата и свежината“ во бањата за да се спречи таложење на прекумерни бактерии кои можат да доведат до акни и разни кожни заболувања.
Видеото, направено од американски научници, покажа зошто е толку важно да се затвори даската пред да пуштите вода.
Експертите користеле светло зелени ласери и камери за да следат колку далеку се исфрлаат бактериите кога се пушта вода од казанчето. Тогаш научниците од Универзитетот во Колорадо дури откриле и честички од измет и урина кои излегуваат од тоалетот за време на испирањето.
Поважно е тоа што капките полни со бактерии може да останат во тоалетот дури и по неколку испирања, што ги остава корисниците на тоалетот изложени на висок ризик од вдишување смртоносни бактерии.
Загрижувачките резултати, објавени во списанието „Journal Scientific Reports“, исто така фрлаат светлина на тоа како помалите честички можат да ја пробијат бариерата на носната коса и да патуваат подлабоко во белите дробови – што ги прави многу опасни за луѓето.