Токму кога почнал да се грижи затоа што имал години за кои мислел долго време дека на таа возраст веќе ќе биде женет и ќе има деца,оскаровецот една вечер видел убава девојка во тиркизен фустан и си помислил – таа е жената за цел живот.
Прославениот актер Метју Меконахи минатиот викенд гостуваше во „Live Talk“ во Лос Анџелес и во емотивно интервју зборуваше за својата кариера,книгата за деца што неодамна ја напиша (Just Why),за своето семејство и сопругата Камила Алвес.Оскаровецот,кој неодамна го бодреше Новак Ѓоковиќ од неговата ложа на УС Опен, жретко зборува за неговиот брак,но секој пат кога ги разнежнува обожавателите со начинот на кој зборува за бразилската манекенка со која е во брак 11 години.Тој разговараше со Кетрин Шварценегер Прат и истакна дека би сакал трите деца што ги има со Камила да го сметаат за „најдобар пријател“ и дека пред да ја запознае својата сегашна сопруга,не мислел дека некогаш ќе најде „безусловна љубов“.
– Мислам,часовникот отчукуваше – се присети Меконахи.Требаше да наполнам 40 години и планот ми беше дотогаш да се омажам и да имам деца.Но,не сакав да навлегувам во играта на анксиозност поради тоа,бидејќи кога сте премногу загрижени,не можете да најдете партнер.Потоа донесувате избрзани одлуки.
Меѓутоа,тогаш во неговиот живот влегла убава Бразилка,која денес е негов најдобар пријател и најголем поддржувач во животот.– И тогаш оваа неверојатна жена влезе во моето видно поле и си помислив „Која е таа? а таа беше Камила – рече актерот низ насмевка.-Имаме љубов која никогаш не ја доведуваме во прашање.
Во едно претходно интервју тој изјави дека се сеќава дека Камила носела тиркизен фустан и дека веднаш помислил дека таа е жената за цел живот и дека мора да и пријде.
View this post on Instagram
Три дена по првата средба излегоа заедно,а останатото е историја.Тие станаа неразделни,а во 2008 година им се роди синот Леви.По две години ја добија ќерката Вида,а потоа Метју Меконахи ја запроси мајката на неговите деца во 2011 година.По шестмесечна свршувачка и шест убави години љубов,тие се венчаа во нивниот дом во Остин во јуни 2012 година,а подоцна истата година дочекаа синот Ливингстон.
Како што сега откри актерот,од моментот кога си рекле „Да“ и ветиле вечна љубов,Камила и тој никогаш не поминале повеќе од девет дена разделени.