Никогаш не сме ја виделе ВО ОВА ИЗДАНИЕ: Бијонсе како ВОНЗЕМЈАНСКА СУПЕР ЅВЕЗДА (ФОТО)

popara27 март, 20231min00
d5a9d1791b040ce94e693b4423c975eec2caa727

Познатиот дизајнер ја претстави својата соработка со светската дива

На Бијонсе експериментирањето не и е страно, како во музичките жанрови, така и во модата. Таа во многу нешта беше пред сите други, па овој пат со својот стил отиде во сосема друга димензија, поточно со соработката со дизајнерот Оливер Рустинг.

Со сет фотографии, познатиот креатор ја претстави оваа соработка со дивата, а напиша – „Alien Superstar“.

Заедно со сликите на Бијонсе облечена во футуристички фустани, поточно костими кои изгледаат како да се направени од „метал“ и интересни конструкции, напиша стихови од една песна од нејзиниот последен албум:

„Јас сум една од едно, јас сум број еден, јас сум единствената, не трошете го вашето време обидувајќи се да се натпреварувате со мене, не правете го тоа. Никој на овој свет не мисли како мене, јас сум изопачена, контрадикторна…”

Интересно е што целиот дизајн, кој повеќе личи на сценски костим, е обложен со кристали, па Бијонсе дури има и кристална перика и круна на главата.