„Никогаш не сум доживеал вакво нешто“: Деветминутни овации по прикажувањето на новиот филм на Скорсезе во Кан

popara22 мај, 20231min00
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-6-830x0

На проекцијата му се придружија и колегите актери Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро и Лили Гледстон

Новиот филм на Мартин Скорсезе „Killers of The Flower Moon“ доби деветминутни овации за време на светската премиера на филмот на Канскиот филмски фестивал во саботата.

Филмот, кој трае речиси три и пол часа, е адаптација на истоимената книга на Дејвид Гран. Приказната е сместена во Оклахома во 1920-тите и ги прикажува сериските убиства на членовите на богатата Осаж нација, домородците кои живееле во областа.

„Потребно беше време за да се заврши филмот, но „Apple“ навистина ни излезе во пресрет со снимањето на филмот. Јас сум Њујорчанец, сакав да се гледа многу трева. Живеевме во свет со Осажи, тоа ни недостасува“, изјави Скорсезе.

На проекцијата му се придружија и колегите актери Леонардо ди Каприо, Роберт де Ниро и Лили Гледстон.

martin-skorseze-kanski-filmski-festival-5-830x0
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-4-830x0
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-8-830x0
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-7-830x0
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-6-830x0 (1)
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-1-830x0
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-2-830x0
martin-skorseze-kanski-filmski-festival-3-830x0

„Никогаш не сум доживеал вакво нешто“, изјави Скорсезе пред публиката по аплаузот.

„Достоинството и грижата за Осаж беа искрени и чесни во текот на целиот процес. За оние од нас кои гледаа отстрана како најдобрите и најпаметните меѓу нас беа на аудиции, сликаа, глумеја и ги советуваа филмаџиите, ќе биде тешко да не се почувствува нашето присуство во напорите да ја раскажеме нашата приказна“, рече поранешниот водач на Осаж племето, Џим Греј.

„Killers of the Flower Moon“ ќе биде достапен за пошироката јавност од 20-ти октомври годинава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag