Многумина го чуваат маслото до шпоретот, за да биде на дофат при подготовката на храната. Иако изгледа како најдобро решение, ова навистина не треба да го правите. Кога го чувате маслото во близина на шпоретот, кој е извор на топлина, може да дојде до оксидација.
„Топлината потенцијално може да го оксидира маслото, а оксидацијата е ужасно штетна, но освен ако не го држите маслото над шпоретот или имате навистина жежок пулт, тогаш зборуваме за разлика од неколку степени“ – забележала доктоката Кејт Шанан, како што пренесува „Mindbodygreen“, така објаснила дека чувањето на маслото покрај шпоретот нема значително да го скрати рокот на траење на оваа намирница, но дека тоа не треба да се прави.
Поладните и потемни места за складирање и чување на маслото се многу подобра опција бидејќи кислородот, светлината и топлината најбрзо го разградуваат маслото. Затоа, оставата звучи како многу подобра опција.