Во оваа модерна чудовишна приказна за верниот слуга на Дракула, Николас Хулт (Mad Max: Fury Road, франшиза X-Men) го глуми Ренфилд, измачениот соработник на најнарцисоидниот шеф во историјата, Дракула (го игра добитникот на Оскар, Николас Кејџ).
Ренфилд е принуден да му набави плен на господарот и да ја заврши секоја задача, без разлика на се. Но, сега, по векови служење, Ренфилд е подготвен да види дали има живот надвор од сенката на Дракула.
Само да можеше да сфати како да ја прекине службата и да биде слободен. „Ренфилд“ е во режија на Крис Мекеј (The Tomorrow War, The LEGO Batman Movie) по сценарио на Рајан Ридли („Ghosted“, „Rick & Morty“), засновано на оригинална идеја на креаторот на „The Walking Dead“ Роберт Киркман.
Во филмот играат Авквафина (The Farewell, Марвеловиот Shang-Chi and the Legend of Ten Rings), Бен Шварц (Sonic, The Afterparty) и Адријан Мартинез (The Secret Life of Walter Mitty, Focus).