НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА Ѝ ОДОЛЕЕ: Пита со вишни и плазма е совршен спој на крцкави кори и сочен фил

popara22 јули, 20231min00
50527_shutterstock-215044510_f

Состојки:

500 гр кора за пита
400 гр исчистени вишни
200 гр шеќер
150 гр мелени плазма бисквити
100 ml минерална вода
50 мл масло

Подготовка:

Измешајте масло и вода. Земете 3 кори. Намачкајте ја првата кора со две лажици од смесата со масло и вода, а на втората ставете една лажица. Одозгора се става третата кора, се посипува со плазма, се ставаат вишни, шеќер, па се наросува уште малку плазма. Свиткајте и ставете во тавче подмачкано со масло. Ќе добиете 4 ролни. Одозгора премачкајте ги со мешавина од масло и вода. Се печат околу половина час во рерна загреана на 200 степени. По желба изладената пита посипете ја со шеќер во прав.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma