Никој не очекуваше ова да е НАЈСКАПИОТ ФУСТАН кој го носела Кејт Мидлтон!

popara6 јануари, 20231min00
kate-middleton-3-830x0

Кејт Мидлтон има облечено прилично скапи комбинации, иако е позната како „штедливата војвотка“.

Ако погледнеме неколку години наназад, најскапиот фустан што го носела Кејт Мидлтон е многу неочекуван, пренесува „Експрес“.

Иако носи облека од таканаречените улични брендови, Кејт ги има и нејзините омилени дизајнери на висока мода.

Еден од нејзините омилени секако е Александар Меквин, а неговите креации ги носела безброј пати.

Нејзината венчаница беше потпишана од овој моден бренд, како и фустанот што го носеше за крштевката на принцот Луис.

Најскапиот фустан на принцезата, без венчаницата, чинел 8.270 евра, а таа го носела само два пати во јавност.

Дизајниран од Александар Меквин, принцезата го носеше овој неверојатен слоевит црн и зелен цветен фустан на БАФТА наградите за 2017 година.

По овој настан, Кејт повторно го облече овој фустан на настанот „Portrait Gala“ во 2019 година.

Тогаш фустанот беше малку модифициран, па имаше ракави кои ги покриваа рамениците, наместо тенки прерамки кои ги откриваа рамената.

Можеби нема да кажете дека овој фустан е најскапиот што го има облечено Кејт бидејќи најпознат беше златниот фустан на модната куќа „Џени Пекам“ што принцезата го носеше во 2021 година на премиерата на Џејмс Бонд.

Сепак, овој фустан не беше ни приближно скап како црно-зелениот фустан на Кејт.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma