Веројатно ќе се согласите дека компромисите се составен дел од секоја врска и брак, но има одредени работи кои никогаш не треба да ги толерирате.
Барем не следните четири работи, пренесува „Zadovoljna.hr“.
Постојано занемарување
Сите понекогаш сме оптоварени со секојдневни обврски, работа, проблематични животни ситуации и други работи кпоради кои забораваме на партнерот. Тоа е сосема нормална појава во љубовната врска која, порано или подоцна, ја доживуваат сите парови.
Меѓутоа, во здрава врска, партнерите, без разлика на сè, на крајот ќе најдат време за својата друга половина, макар и на кратко. Постојаното запоставување е јасен знак дека вашиот партнер едноставно не се грижи за вас.
Омаловажување
Некои работи едноставно не смеете да ги трпите. Омаловажување, навредување, пцуење, лоши зборови – не потклекнувајте на овие работи, бидејќи вие го заслужувате најдоброто, а партнерот кој се однесува вака со вас дефинитивно не спаѓа во таа категорија.
Непочитување на вашето семејство и пријатели
Не можете да имате премногу влијание врз тоа како вашиот партнер се однесува кон семејството и пријателите. Секако, ако е груб кон нив без причина, веројатно не е најдобар материјал за врска. Исто така не треба да се простува и непочитувањето на вашето семејство и пријатели.
Физичко насилство
Во овој случај, не е потребно објаснување. Секој мора да има нула толеранција за секаков вид физичко насилство.