НИШТО БЕЗ ОЦЕТ И СОДА Ова е единствениот правилен начин за миење јагоди

popara20 април, 20231min00
637749_shutterstock-1056464183_f

Најефективен начин да ги измиете пестицидите од јагодите е да ги натопите во оцет и сода бикарбона.

Иако нивната сезона официјално е дури во јуни, веќе можете да ги најдете во продавниците. Без разлика дали сакате да уживате во цели јагоди, да ги исечете и да ги додадете во сладолед или колачи или во салата, дури и ако самите сте ги набрале, треба добро да се измијат пред јадење. Неизмиените јагоди може да содржат почва и други нечистотии и остатоци од пестициди.

Така, една корисничка на социјалните мрежи го покажа, според неа, единствениот правилен начин да се измие ова омилено црвено овошје.

Таа тврди дека најефективниот начин за миење на пестицидите од јагодите е да ги натопите во оцет и сода бикарбона.

„Во ред, го пробав трикот со сода бикарбона и оцет“, вели таа на почетокот на видеото, во кое покажува чинија со јагоди во смесата, а потоа зумира за одблизу да погледне се што е внатре. Јагодите треба да стојат во оваа течност 15 минути.

Најпрво во садот ставила јагоди и ги полила со оцет, малку вода и на крај со сода бикарбона. Преку пената која се создава поради реакцијата на овие две состојки гледаме како јагодите се чистат од нечистотија и отровите. Како и да е, тиктокерката ги изми јагодите со вода откако ги држеше во овој раствор 15 минути.

Но, голем дел од нејзините следбеници не беа толку сигурни за нејзините методи, па коментираа: „Брате, не чекам 15 минути да јадам модифицирана јагода“.

„Оцетот и содата пенат поради реакцијата на неутрализација што се јавува помеѓу овие две соединенија, а не затоа што тие чистат нешто“.

Истото го мислат и другите заинтересирани корисници на мрежата: „Сода бикарбоната и оцетот се поништуваат“.

„И погледнете го ова! Како сите да не правевме вулкани во 4-то одделение со оцет и сода бикарбона“, „Може ли продавницата да го направи ова за мене, јагодите се 9 долари“, предлогот на овој човек ги воодушеви другите.

Сепак, новото истражување на Универзитетот во Масачусетс потврди дека сода бикарбоната е добра алатка за отстранување на штетни токсини од овошјето поради нејзиниот состав. Исто така, алкохолниот оцет е одличен за убивање на сите штетни микроби од овошјето.

Овошјето прво се остава во оцет дваесет минути. После тоа, може малку да се исплакне и да се остави во раствор од сода бикарбона и вода најмалку половина час, а потоа да се исплакне со чиста вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma