Сер Мајкл Кејн глуми речиси седум децении и има снимено повеќе од 180 филмови за време на богатата кариера, од кои последен е „The Great Escaper“. На почетокот на октомври растажи многу фанови кога објави дека оди во заслужена пензија.
Британската легенда тогаш за Би-Би-Си изјави: „Нема 90-годишни главни машки ликови, тие ги играат млади и згодни мажи и жени, па сфатив дека е подобро да им го оставам тоа на нив. Единствените што можам да ги добијам сега се улоги на 90-годишници. Или можеби 85-годишник“, се пошегува актерот. Сепак, се чини дека се предомислил. Сер Мајкл Кејн снима нова серија за стриминг платформата Нетфликс, пишува Дејли Мејл. Деталите од серијата се уште не се познати, но се чини дека продуцентите го сакале баш него.
Во својата богата кариера Кејн освои Оскар, Златен глобус и БАФТА награда, а неговата обемна филмографија вклучува филмови како „Zulu“ и „The Italian Job“, и поновите како хитот „Interstellar“, а глумеше и во франшизата за Бетмен „The Dark Knight“ каде партнер му беше Кристијан Бејл.
View this post on Instagram
Во неговиот последен филм „The Great Escaper“, чија премиера беше во октомври оваа година, тој го портретира ветеранот од Втората светска војна Берни Џордан, кој бега од старечки дом за да присуствува на прославите на Денот Д во Франција.
Сер Мајкл се мачи да се движи и користи бастун веќе неколку години по операцијата на ‘рбетот поради пад на мразот, но тој сè уште е во добро расположение и се чини дека нема наскоро да се пензионира.