Новата комедија на Адам Сендлер е вистински семеен потфат: Во филмот глумат и неговите ќерки и жена му

popara12 јуни, 20231min00
o_29379079_1280

Се погласни се поплаките на американскиот актерски еснаф поради зголемените случаи на непотизам во забавната индустрија. Најсвеж пример е комедијата на Адам Сендлер „You Are So Not Invited to My Bat Mitzvah“, бидејќи таа буквално стана семеен филмски потфат.

Досега комичарот, сценарист и продуцент во своите проекти ја вклучуваше и сопругата Џеки Сендлер, на која веројатно поради неговото влијание ќе и беа доделени помали улоги. Тогаш малкумина протестираа затоа што другите, на редовните аудиции, имаа можност да се натпреваруваат за ангажманот.

Но, филмската ѕвезда овојпат изнервира многумина, особено актерите кои немаат среќа со познато презиме. Неговите ќерки, 17-годишната Сејди и 15-годишната Сани, ги добија главните улоги во новиот филм на нивниот татко. Фактот дека тој е продуцент на проектот веројатно му помогна на режисерот Сами Коен да одлучи да им даде шанса на девојките.

image

Заплетот на филмот, чија премиера ќе биде прикажана на 25 август, следи две пријателки на кои им се допаѓа истото момче, што влијае на нивните претходно смислени планови за семејна прослава на бат мицва. Во проектот на Нетфликс, Адам Сендлер ја толкува улогата на таткото на ликовите на неговите вистински ќерки, но Џеки Сендлер (мајката на девојчињата во реалниот живот), овој пат ја доби улогата на мајката на семејството „противник“ која се обидува да ја наруши прославата со урнебесни сплетки.

Режисерот, пак, вели дека актерската екипа се собрала речиси веднаш – како семејство. „Имавме многу време пред да снимаме да ги вежбаме сцените со децата. Многу од таа проба беше дружење, кажување шеги, правење видеа на TikTok. Тоа ви помага да се поврзете со сите и децата да создадат автентични врски“, рече Коен. Секако, со него се согласи и главниот актер и ѕвезда на проектот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag