Кралското семејство отсекогаш било претпазливо во споделувањето фотографии, особено од нивните најмлади, а многу ретко од нивните домови. Како и да е, принцезата Кетрин и принцот Вилијам се чини дека најавуваат промени преку објавување видео кое им покажува на следбениците како било „зад сцената“ на минатонеделното крунисување на Чарлс III. Видеото објавено на официјалниот YouTube дава редок поглед на нивниот семеен живот во палатата Кенсингтон.
Заедно со различните кадри кои можеа да се видат во преносот, најголемо внимание привлече моментот на подготовка на принцот и принцезата од Велс и нивните деца за крунисувањето. На видеото можеме да ги видиме петгодишниот Луис и осумгодишната Шарлот и принцезата Кетрин како влегуваат во собата во фустан на Александар Меквин и кралска наметка, а принцот Вилијам, кој набргу откако неговата сопруга влезе во собата, беше украсен со истата наметка.
Многумина мислат дека ова е одговор на документарната серија која Меган Маркл и принцот Хари ја снимија во соработка со Нетфликс, а која крена голема прашина минатата година. Видеото на принцезата и принцот од Велс наиде на одобрување и многу комплименти бидејќи идните крал и кралица вешто ги комбинираа јавното и приватното и успеаја да им се доближат на своите обожаватели.