Нова љубов на повидок? Џиџи Хадид и Бредли Купер се почесто се заедно во јавност, а „падна“ и викенд дружење надвор од градот

popara12 октомври, 202318min00
Џиџи Хадид и Бредли Купер

Во последните неколку дена се повеќе се гласините дека познатата манекенка Џиџи Хадид повеќе не е соло уметник.Светските таблоиди зборуваа за можната романса меѓу американската убавица и актерот Бредли Купер,а најновите папарацо фотографии ги запалија шпекулациите.Познатиот супермодел и холивудската ѕвезда беа фотографирани на романтична вечера по која заминаа на кратко викенд патување,а извори блиски до манекенката тврдат дека добро се забавуваат.

Фотографиите на американската маникенка Џиџи Хадид и познатиот актер Бредли Купер го обиколија светот, поради што се почесто се шпекулира дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Имено,28-годишната манекенка и 20-години постариот холивудски актер неодамна биле снимени на пат кон ресторан во Менхетен,по што се упатиле кон истиот автомобил,во кој патувале надвор од градот со своите куфери.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MIX (@mix.my)

Според магазинот People,американската убавица веќе некое време тајно е вљубена во познатиот актер,а меѓу нив секако има хемија.

„Тие се забавуваат.Џиџи е независна,зафатена,а деновите и се исполнети со обврски,па не гледам ништо сериозно да се случи веднаш или воопшто.Сега изгледаат супер лежерно,но и двајцата имаат деца,одлични кариери,зафатени животи и разбираат каков е животот во овие кругови.Тие се слатки и има атракција“, рекол извор близок до моделот.Изворот нагласи и дека манекенката и трендсетерка сака да се проба во актерството, што би можело да биде главната врска меѓу неа и 48-годишниот актер и режисер.

 

Џиџи Хадид и Бредли Купер за прв пат беа видени заедно минатиот четврток,на излегување од популарниот ресторан Via Carota во Вест Вилиџ,по што влегоа во истото возило.

Дежурните папараци не ги пропуштија ниту минатиот викенд,кога во саботата се вратија со истиот автомобил по краткото бегство од градот,на што им навести багажот.

 

Да потсетиме,херојот на филмот „Ѕвезда е родена“ ја има петгодишната ќерка Леа Сена од врската со рускиот супермодел Ирина Шајк.Ирина и Бредли раскинаа во јуни 2019 година по четири години врска,но оттогаш тие одржуваат блиски односи поради нивната единствена ќерка.

Минатата година,актерот беше поврзан со Хума Абедин,политичарка која беше потпретседател на претседателската кампања на Хилари Клинтон во 2016 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Џиџи Хадид,пак, е мајка на малото девојче Каи,кое го има од врската со британскиот пејач и поранешен член на One Direction, Зејн Малик.

Џиџи Хадид и Зејн Малик почнаа да се забавуваат во 2015 година,а меѓу нив избувнаа искри за време на снимањето на спотот за неговата песна „Pillow Talk“.Двојката беше среќно вљубена и неразделна цели три години,по што следеше ненадеен прекин во 2018 година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OUTSYLOOKS (@outsylooks)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma