Новинар го праша принцот Вилијам дали ја прочитал книгата на Хари, погледнете ја неговата реакција

popara14 јануари, 20231min00
o_27591103_1280

Во четвртокот, принцот Вилијам и принцезата Кејт ја посетија новоотворената Универзитетска болница Royal Liverpool и добротворната организација „Open Door Charity“ во Биркенхед, Англија. Тоа беше нивно второ појавување во јавноста по објавувањето на книгата „Spare“ на принцот Хари, во која тој упати низа обвинувања против својот постар брат.

Иако се шпекулира дека биле тешко погодени од признанието на Хари, принцот и принцезата од Велс изгледале одлично расположени за време на официјалната посета. Сепак, Вилијам не успеа да избегне прашања за мемоарите на неговиот брат ниту во добротворното здружение, за што сведочи видеото на ITV.

„Ваше кралско височество, дали воопшто имавте прилика да ја прочитате книгата на вашиот брат?“, му довикна двапати еден од новинарите, но Вилијам не одговори на прашањето и ја напушти зградата со сопругата.

image

За потсетување, во книгата Spare, Хари меѓу другото тврди дека Вилијам физички го нападнал во жарот на расправијата. Расправијата, наводно, започнала откако Вилијам ја нарекол сопругата на Хари, Меган „тешка“, „дрска“ и „абразивна“.

„Сè се случи толку брзо. Ме фати за јаката, ми го скина ѓерданот и ме собори на подот“, напиша војводата од Сасекс.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma