Знаеме дека младите често се вклучуваат во некои трендови кои ги гледаат или слушаат на социјалните мрежи, а еден од последните е најнеобичен. Имено, на „ТикТок“ се појави тренд во кој се советува да не се мие косата 30 дена.
Корисниците на оваа социјална мрежа тоа го нарекуваат „тренинг за коса“, се советува да се мие косата што поретко, верувајќи дека е добро за скалпот, но и за самата коса и ќе направи да изгледа поубаво, пишува „Инсајдер“. Исто така, веруваат дека коренот на косата ќе биде помалку мрсен, што автоматски ќе овозможи поретко миење.
Една девојка на 7 април објавила видео во кое вели дека не ја измила косата 33 дена и дека оваа година е трет пат да ја измие косата. Нејзината тајна е во тоа што пред да ја измие косата, ги масира корените на главата со масло од рузмарин и го остава да делува преку ноќ.
Во коментарите можете да прочитате разни зборови на поддршка, но и на незадоволство.
Што велат експертите за ова?
Нивниот став е дека тоа не е добро бидејќи може да предизвика опаѓање на косата.
Фариха Анвар, естетичар во клиниката Еуромед во Дубаи, рече дека немиењето на косата може да предизвика вишок себум (масната супстанција што ја обложува кожата) на вашиот скалп.
„За мене, најголемиот проблем е тоа што може да бидете изложени на ризик од развој на себореичен дерматитис, честа состојба на кожата која првенствено го зафаќа скалпот и се карактеризира со црвенило, чешање, воспалена кожа“, рече таа.
Една студија покажа дека реткото миење на косата може да предизвика чувствителност на скалпот, што доведува до зголемен ризик од губење на косата. Колку често лицето треба да ја мие косата зависи од нивната возраст, типот на кожа и текстурата, според Американската академија за дерматологија. На пример, луѓето со кадрава коса треба да ја мијат еднаш неделно или секоја втора недела, додека оние со мрсен скалп и тип на кожа треба да ја мијат косата еднаш дневно.