Ново истражување: Дремката од половина час ја подобрува меморијата и го подигнува расположението

popara27 март, 20231min00
shutterstock1173699868-830x0

Не го пропуштајте ова кратко задоволство кое може да ви донесе многу придобивки

Дали понекогаш се чувствувате толку поспано во текот на денот што едноставно не можете да ги држите очите отворени? Во овие моменти повеќето луѓе легнуваат да спијат, односно да дремнат за да се одморат на овој начин.

Но, дали некогаш сте се запрашале колку е добра дремката за вас?

Студијата на Националниот универзитет во Сингапур открива дека дури и кратка дремка од 10 минути може да ја намали поспаноста и да го подобри расположението. Меѓутоа, получасовната дремка ќе го подобри и кодирањето на меморијата, односно процесот на внесување нови информации и нивно осмислување.

Ова истражување покажа дека дремењето само 30 минути може да го подобри вашето расположение, меморија и будност до четири часа откако ќе се разбудите.

Научниците спровеле истражување на 32 луѓе кои морале да дремат 10, 30 и 60 минути секој втор ден. Расположението, субјективната поспаност и когнитивните перформанси им биле мерени во интервали од пет, 30, 60 и 240 минути по будењето за да се споредат долгорочните придобивки од различните видови дремки.

Сите времетраења на дремките кои се движеле од 10 до 60 минути имале јасни предности во однос на тоа да останете будни, пишува „Метро“.