Ново истражување открива дали МЕДОТ е добра ЗАМЕНА ЗА ШЕЌЕР

popara7 мај, 20231min00
med-i-secer-830x0

Не е тајна дека шеќерот треба да се консумира умерено, а многумина го препорачуваат медот како негова замена. Но, дали медот е поздрава алтернатива како што многумина веруваат? Што вели науката?

Конзумирањето суров мед од еден извор на цвет може да ја подобри контролата на шеќерот во крвта и може да влијае на нивото на холестерол, според една студија, како што објави Fox News.

Истражувачите од Торонто спроведоа систематски преглед и мета-анализа на 18 клинички испитувања во кои беа вклучени повеќе од 1.100 испитаници за да ги утврдат ефектите на медот врз срцето и метаболичките фактори на ризик, се вели во соопштението на истражувањето.

– Овие резултати се изненадувачки бидејќи медот се состои од околу 80 проценти шеќер. Не велиме дека треба да го вклучите медот во вашата исхрана ако моментално избегнувате шеќер, туку повеќе за негово заменување. Ако користите бел шеќер, сируп или друг засладувач, заменувањето на тие шеќери со мед може да намали голем број метаболички ризици, рече Таусеф Кан, постар истражувач и научен соработник на Медицинскиот факултет во Торонто.

Како што вели тој, во своето истражување ги комбинирале резултатите од сите испитувања кои ги проучувале метаболичките болести.

Консумирањето мед е поврзано со намалување на шеќерот во крвта, холестеролот и триглицеридите. Кан објасни дека големината на намалувањето на гликозата и холестеролот е „клинички многу мала“.

– Сепак, тоа покажува дека нема никаква штета кога станува збор за консумирање мед и дека и малото намалување може да биде долгорочно корисно – објасни тој.

Кан истакна дека постои разлика помеѓу преработен и суров мед во однос на здравствените придобивки, па затоа објасни дека конвенционалната обработка на мед вклучува процедување и филтрирање, а потоа негово загревање за краток временски период. Ова, вели тој, всушност го оштетува медот, а многу од неговите биоактивни соединенија ја губат својата ефикасност.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma