Иако е сè уште рано, експертите се загрижени за новиот сој бидејќи има огромен скок во хоспитализациите
Австралискиот портал „News.com.au“ пишува за тоа како се појавила нова опасна подваријанта на корона вирусот и дека може да биде најлоша досега.
Опасната подваријанта на „Ковид-19“ прави хаос низ Америка и ОК и е означена од еден експерт како „следната голема и најлоша варијанта во светот во моментов“.
Новиот вид, наречен „XBB15“ првпат се појави во Њујорк и брзо се рашири низ земјата и регионот, како и во ОК.
Според Центрите за контрола и превенција на болести, случаите на новиот вид се двојно зголемени во изминатата недела.
Иако е сè уште рано, експертите се загрижени за новиот вид бидејќи има огромен скок во хоспитализациите во областите каде завладеал.
Американскиот епидемиолог Ерик Фајгл-Динг, обучен на Харвард, неодамна сподели низа алармантни објави на Твитер за таканаречената супер-варијанта, предупредувајќи дека таа е меѓу варијантите кои вешто го избегнуваат имунитетот и е една од најдобрите за напаѓање на човечките клетки.
Тој вели дека новиот сој се шири многу побрзо од старите соеви и ги критикува Центрите за контрола и превенција на болести што не ги предупредиле луѓето за опасноста.
Епидемиологот вели дека „XBB15“ повеќе не е типичен омикрон – тоа е специјална мешавина и варијанта на рекомбинација која дополнително мутирала.
– Концентрацијата на вирусот САРС-КоВ-2 во отпадните води сега е втора најголема од сите бранови и сè уште расте – истакнува епидемиологот.
– „XBB15“ моментално е најлошата варијанта на светот и всушност е американска варијанта – истакна тој.
Со овие тврдења се согласи и експертот за заразни болести од Универзитетот во Минесота, д-р Мајкл Остехолм.
„Иронично, веројатно најлошата варијанта со која се соочува светот е XBB15“, изјави тој за Ројтерс.