Нов тренд за маникир: Се користи лак и сенка за очи, а резултатот е фантастичен

popara25 април, 20231min00
nail-ge417310fd_1280

Новиот тренд за маникир од TikTok вклучува користење на сенки за очи при лакирање на ноктите.

Имено, потребно е да се користат сенки наместо лакови, а во бројните видеа кои можат да се најдат на оваа мрежа е објаснето како.

Значи, потребна ви е палета на сенки за очи која нема да зажалите што ја потрошивте на маникир.

Бојата ја избирате вие, а бидејќи пролетта е во полн ек, опциите се бесконечни. Исто така ќе ви треба или проѕирен лак, или лак кој е во некоја светла нијанса, бидејќи така најдобро ќе се гледаат боите на сенките што ќе ги додадете.

Како да направите маникир со сенки за очи?

Прво нанесете го основниот лак над ноктот, а потоа нанесете ја сенката на ноктите со четката што вообичаено ја користите за нанесување сенки. Секако, нема да можете да ја мачкате бојата преку ноктот со четка, бидејќи тогаш ќе изгледа неуредно, па најдобро е да ја тапкате четката на ноктот (видете го видеото под текстот).

Не чекајте да се исуши основата, бидејќи тогаш сенките нема да „се залепат“. Откако ќе го нанесете основниот слој, почекајте малку и додека е уште влажен и леплив, почнете да ги нанесувате сенките. Откако ќе завршите со тоа, нанесете проѕирен слој над него, и тоа е тоа.

Транспарентен лак

За се да изгледа уште поубаво, одозгора додајте проѕирен лак со сјај! На маникирот ќе му даде посебен изглед.

Ова е добар начин да ги искористите старите палети со сенки за очи чиј рок одамна истекол и не треба да бидат на вашите очи. За некои, овој маникир не успева поради употребата на погрешен лак, па не се обесхрабрувајте ако не делува првиот пат.

Совет кој би можел да ви помогне е само да го смените лакот што го ставате на сенките, понекогаш е подобро да го ставите основниот лак над сенките, а дури потоа „горниот слој“.

Постапката на овој маникир погледнете ја во видеото подолу:

@phoebesummernails

Another eyehadow nail art hack 💅🏼 #nailturorial #nailarthack #nailhack #hack #nailinspo #nailinspiration #eyeshadowhack #nailvideo

♬ Until I Found You (Sped Up) – Heaven When I Held You Again How Could We Ever Just Be Friends – Hiko

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag