„Ги ишишавме шишките, друштво“, се пофали Ким Кардашијан на Инстаграм покрај видеото на кое таа палаво ја разбушавува косата, облечена во парчиња од најновата колекција на нејзиниот бренд за долна облека Skims.
Долгата платинесто руса коса изгледа е минато за ријалити ѕвездата. Откако се врати на својата природна темно кафеава боја, Кардашијан се одлучи за уште една промена и го оживеа трендот од 2000-тите, долгите шишки кои го врамуваат лицето.
И додека нејзината сестра Клои неодамна се појави со драматични „curtain bangs“, кои станаа многу популарни за време на пандемијата, Ким се одлучи за малку поинаква варијанта, во духот на Енди Сакс од култниот филм „Ѓаволот носи Прада“. Носталгијата дефинитивно беше во воздухот, бидејќи новиот изглед на Кардашијан многу потсетува на густите шишки кои ги носеше на почетокот на кариерата во 2006 година.
Потсетуваме дека сестраниот магнат за убавина стана русокоса пред минатогодишната Мет Гала, кога се трансформираше во легендарната Мерлин Монро. Нејзиниот фризер Крис Еплтон потоа откри како решил да ја обои косата на Кардашијан за да ја истакне „русокосата femme fatale“ во неа.
Ким изјави дека се чувствува како сосема друга личност со руса коса и дека има многу поголема самодоверба, а откако повторно стана бринета, призна дека веќе и недостига старата боја.