Нова година и Божиќ се периоди од годината кога многумина јадат онолку колку што им посакува душата или стомакот.
Меѓутоа, прашање е колку нашето тело може да се справи со неконтролираното внесување храна, а се може да резултира со неподносливо чувство на надуеност и мачнина.
Нутриционистот Сигне Сванфелд сподели со „The Sun“ неколку совети како да го победите чувството на надуеност што е можно побрзо.
Најпрво, нутриционистот советува да се јаде побавно.
„Џвакајте ја правилно храната и изберете лесно сварлива храна“, објаснила таа.
Доколку и покрај сите напори не успеавте да одолеете на сета вкусна храна на празничната трпеза, еве неколку совети од нутриционист:
Пијте обична вода
– Водата може да му помогне на вашиот стомак полесно да ја свари храната и да ја смири надуеноста.
Подобро е да пиете негазирана вода наместо газирана бидејќи може дополнително да го вознемири желудникот и да предизвика надуеност.
Одете брзо
Кога сме во мирување, најголемиот дел од гасовите ги задржуваме во цревата. Лесната прошетка по оброкот ќе помогне храната побрзо да се вари во организмот.
Чај од нане
Топол пијалок може да создаде пријатно чувство во стомакот. Некои студии покажаа дека маслото од нане ги намалува грчевите во стомакот, па затоа се советува да се прави чај од нане.
Шише со топла вода
Ставањето шише со топла вода на стомакот може да им помогне на некои. Топлината им помага на мускулите во цревата да се релаксираат, што подоцна им овозможува на заробените гасови да се движат низ цревата.