Нутриционист ја решава вечната дилема: Кој леб е најздрав, а кој треба да се избегнува во широк лак?

popara6 април, 20231min00
stock-photo-loaf-of-bread-isolated-on-white-241399351

Лебот од цело зрно е најдобар за дигестивниот систем

Лебот е составен дел од исхраната на речиси секоја личност. Ако внимавате на линијата, а веројатно не можете да замислите оброк без леб, одлучете се за поздрави опции како леб од цели зрна.

Експертите велат дека на возрасен човек му требаат две до четири кришки леб дневно и дека тоа може да биде дел од здравата исхрана, но само ако правилно го изберете. Нутриционистката Сузи Бурел откри кој леб е најздрав, а кој треба да го избегнувате.

Леб од цели зрна

– Дефинитивно најдобрата верзија на леб, но дефинитивно треба да се грижите за количината и да внимавате какви зрна содржи. Колку повеќе житарки, толку подобро за контролирање на количината на гликоза во крвта – вели Сузи. Лебот од цело зрно е многу добар за дигестивниот систем бидејќи е многу хранлив, но не претерувајте бидејќи има исти калории како и останатите.

Интегрален леб

Неговата голема предност е што е богат со растителни влакна. – Ако не можете да ги поднесете житарките, интегралниот леб е втората најдобра опција – вели нутриционистот. Интегралниот леб содржи многу повеќе влакна од белиот леб, а содржи и минерали како магнезиум, цинк и калиум.

Леб со додадени вредности

Можете да го купите во речиси секоја продавница, а го има на полиците за здрава храна. Содржи се во едно, од житарки, влакна, витамини и добри масти. – Ако личи на бел леб, сепак е бел леб со додаток на „здрави“ вредности. Тоа е непотребно фрлање пари – вели таа.

Бел леб

Иако луѓето најчесто го купуваат, тој е најлошата опција.

– Белиот леб најбрзо се вари и ја покачува гликозата во крвта, што не е добра опција. Ако децата не сакаат да јадат леб од цели зрна, не им купувајте бел леб бидејќи се додека вие го купувате тие ќе го јадат и нема да можат да се навикнат на другите опции – заклучува нутриционистката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma