Обетки од 12 евра и фустан во стилот на Дајана: Кејт Мидлтон воодушеви со нејзиното ново појавување!

popara20 мај, 20231min00
55145_profimedia-0777224201_f

Кејт Мидлтон блесна додека се појавуваше во центарот „Ана Фројд“ во Лондон, каде што се приклучи на серијата дискусии на тркалезни маси за предизвиците со менталното здравје со кои се соочуваат младите денес. Принцезата од Велс рече дека децата треба да се охрабруваат да учат вештини за ментално здравје кои ќе им помогнат не само на училиште, туку и во сите аспекти од нивниот живот.

На состанокот во Лондон таа се појави во прекрасен зелен кошула-фустан со потпис на британскиот бренд Suzannah, кој беше едноставен, а сепак толку впечатлив.

Фустанот со струк и ракави до лактите ја истакна фигурата на принцезата.

Миди фустанот беше инспириран од 1940-тите, имаше тенок ремен околу струкот кој уште еднаш го истакна тој дел од телото, но и копчиња на средината на целиот фустан.

Креацијата, чија цена е 3.200 евра, одлично и беспрекорно и прилега на принцезата од Велс.

Принцезата од Велс го искомбинирала овој прекрасен фустан со сандали во бела боја и со црн шпиц потпишани од Alessandra Rich, чија цена е 622 евра, кои одлично се вклопија во целата комбинација.

Денешниот стајлинг Кејт го заокружи со прекрасни обетки од Accesorize кои чинат 12 евра.

Сите ја забележаа и нејзината беспрекорно обликувана коса во бранови и нејзината препознатлива насмевка.

Како и секогаш, таа беше минимално и уредно нашминкана. Се на се, не очекувавме ништо помалку од чиста десетка од Кејт Мидлтон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag