Нема ништо толку поразително како новата кошула што се собрала за време на перењето, или омилениот фустан што се растегнал до непрепознатливост. Во такви ситуации, сите солзи и лутина не се доволни за да се поправи сторената штета.
Како прво, треба да знаете дека дури и ако сте ги следеле сите правила за перење одреден вид облека, сепак може да се собере или растегне. Најголем виновник е материјалот од кој е направено парчето облека. Како ќе реагира облеката кога ќе ја исперете, не влијае директно од вас. Уште пред да пристигне во продавницата, гардеробата добива свој печат. Видот на влакната, ткаењето и техниката на производство, одредуваат колку облеката ќе издржи при перење.
Сите влакна реагираат различно на перење. Природните, како волната и памукот, се повеќе подложни на растегнување отколку полиестер и акрил. Ретко плетената облека ќе се растегне повеќе отколку оние што се погусто ткаени. Сепак, не треба да се обесхрабрувате, бидејќи постојат начини на кои можете да се справите со ваквите предизвици. Со примена на правилни техники за перење, ќе заштедите и пари и нерви.
Прочитајте ја етикетата пред да купите одредено парче облека. За природни влакна, побарајте го зборот “preshrunk” – што значи дека влакната биле претходно собрани. Некои производители на облека пробуваат да заштедат за време на производството, со максимално истегнување на влакната со цел да се користи што е можно помалку ткаенина. Меѓутоа, ако влакната се претходно собрани пред материјалот да се исече и зашие, тие нема да се соберат за време на миењето со текот на годините.
Дополнително упатство е пребарување начин за перење одредени алишта. Тие ви кажуваат дали облеката треба да се измие во ладна или топла вода, да се носи исклучиво на хемиско чистење или дали се препорачува циклус на машинско сушење дома. Исто така, секогаш кога не сте сигурни која техника за перење да ја примените, ако станува збор за ново парче облека, користете ладна вода за рачно перење.