Облеката ќе го задржи мирисот и до недела дена по перењето: Едноставен трик кој ќе ви помогне алиштата убаво да мирисаат

popara5 јули, 20231min00
da9220eeac5fa78b33560fb6f6f7bb8c52959bdf

Веројатно ви се случило алиштата да не мирисаат пријатно после перење. Причините за тоа можат да бидат различни – понекогаш машината треба темелно да се исчисти поради задржување на нечистотии, а проблем може да биде и прекумерното количество прашок и омекнувач, поради што алиштата може да мирисаат премногу силно.

Со цел вашите алишта да мирисаат дури и седум дена по миењето, важно е да следите неколку едноставни правила:

– не чувајте ги алиштата во машина долго време по миењето

– задолжително измијте го резервоарот во кој ги сипувате детергентот и омекнувачот

– исчистете ја гумата на вратата после секое миење

– еднаш месечно ставете детергент и оцет во машината за дезинфекција, без алишта

– Машината добро проветрете ја и исушете ја внатре после секое перење (по секое перење потребно е вратите да се држат отворени. И не е доволно да ги држите така петнаесетина минути. За да се исушат сите делови во неа, треба да трае помеѓу четири и пет часа).

Истурете го омекнувачот само откако машината ќе го заврши првиот циклус на перење и ќе земе вода за следниот циклус. На овој начин мирисот на омекнувачот ќе остане подолго во ткаенината. Сепак, имајте предвид дека премногу омекнувач може да предизвика алергиски реакции.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma