„Се чувствувам како да навивав за двата тима од самиот почеток, но никогаш не смеев да го кажам тоа бидејќи Ѕверка и Кери беа крајот на серијата, познатото „happily ever after“, а тогаш мора да навивате за таков крај“, изјави Сара Џесика Паркер
Сара Џесика Паркер и Џон Корбет беа фатени во прегратка на снимањето на новата сезона на серијата „И баш така…“, а „HBO“ официјално објави слика на која се држат за рака со опис: „Шшш. Не кажувај никому“, со што се потврдија шпекулациите дека страстите меѓу овие два лика се повторно разгорени. И што мислат фановите за тоа? Па, засега реакциите на публиката баш и не одат во прилог на претстојното сценарио.
Имено, преку социјалните мрежи фановите масовно го објавуваат своето незадоволство со цитати:
“Ова е срање. Таа е неговата Ѕверка. Не го заслужува.”
„Зарем никој не се сеќава како таа го изневери и го остави, не еднаш, туку двапати?
„Токсично, токсично, токсично“.
„Кога побрзо, Ѕверка уште не се ни оладил“, не престануваат да доаѓаат негативните коментари.
Сара во гостувањето во подкастот на „The Bradshaw Boys“ откри дека секогаш се чувствувала ужасно кога била принудена да избира помеѓу Ѕверка и Ејдан.
– Се чувствувам како да навивав за двата тима од самиот почеток, но никогаш не смеев да го кажам тоа бидејќи Ѕверка и Кери беа крајот на серијата, познатото „happily ever after“, а тогаш мора да навивате за таков крај – вели актерката, а пренесува „Pagesix .com“.
Дали старите обожаватели се бесни на сè уште непрежалената смрт на познатиот Ѕвер и чувствуваат дека нивната љубов не може да се надмине и дека Кери продолжила пребрзо, дали има непријателство кон Ејдан или ќе се премислат кога ќе се емитува новата сезона и ќе ни претстави можеби прекрасна, иновативна приказна за оваа стара љубов, останува да видиме.