Филмот „Џон Вик 4“ полека почнува да се прикажува низ светот, а оваа продукција беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал SXSW во Остин, Тексас.
Екипата на филмот, предводена од Кијану Ривс, по проекцијата одговараше на бројни прашања, а една сцена привлече внимание.
Кога Киану Ривс призна дека ги има часовникот и бурмата од филмот „Џон Вик“, еден обожавател извикал од публиката – „Ќе се омажам за тебе“.
Актерот имаше подготвен одговор.
„Внимавај што посакуваш“, му рекол Кијану на фанот и многумина ги насмеал.
Ривс беше прашан дали воопшто старее, бидејќи изгледа толку младешки.
„Да човеку, стареам. Навистина се случува“, одговорил низ смеа Кијану, пренесува Variety.