Откако принцот Хари ги објави шокантните мемоари „Spare“, во британските медиуми се појавија многу гласини за реакциите од кралското семејство и можноста Сасексите да не бидат поканети на крунисувањето на кралот Чарлс. Самиот крал, очекувано, официјално не ја коментираше ситуацијата, но тоа не ги спречи неговите фанови самите да се обидат да откријат повеќе.
Чарлс го посети кампусот на Универзитетот Стратфорд во источен Лондон оваа недела и се сретна со голем број студенти кои дојдоа да го поздрават.
Lord, “ bring back harry” pic.twitter.com/p2pnkDpQuv
— Henry_Rachel_Archie_Lili🙏🏾 (@jozzzaphen) February 9, 2023
„Можеш ли да го вратиш Хари?!“ извика еден од нив додека му подаде рака на кралот. Судејќи според сега виралната снимка, Чарлс на почетокот не го слушнал добро. „Кој?“
Инаку, во јануари принцот Хари изјави дека нема да се обврзе да присуствува на крунисувањето на неговиот татко. Тој истакна дека има многу работи за кои сака да разговара со семејството и дека се надева дека тие се подготвени да разговараат со него.
Тој подоцна додаде дека сè уште верува во монархијата, но не е сигурен дали тој или неговата сопруга Меган Маркл „ќе играат улога во нејзината иднина“. Page Six претходно објави дека Хари и Маркл ќе бидат поканети на крунисувањето, но кралскиот историчар Хуго Викерс предвидува дека принцот нема да ја прифати поканата.