Храната како аспарагус,спанаќ,моркови и уште неколку други се поздрави по готвењето.
Иако често слушате дека повеќето суровини се токму она што ви треба за да бидете здрави,има и такви чии придобивки најмногу ќе ги искористите кога ќе ги готвите.
Нутриционистката Наташа Ѓукиќ ова подетално го објасни:
– Научниците открија дека некои зеленчуци се всушност многу похранливи кога се готви, особено овие 6 намирници:
Печурките содржат големи количини на антиоксиданс ерготионеин, кој се ослободува за време на готвењето, а познато е дека антиоксидансите помагаат во разградувањето на „слободните радикали“ – хемикалии кои можат да ги оштетат нашите клетки, предизвикувајќи болести и стареење.
Готвењето на кој било начин значително го зголемува антиоксидантот ликопен во доматите. Ликопенот е поврзан со помал ризик од развој на голем број хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања и рак.
Аспарагусот е зеленчук кој, кога се готви, ослободува витамини А, Б9, Ц и Е. Готвењето на аспарагусот ги разградува неговите клеточни ѕидови, правејќи ги витамините А, Б9, Ц и Е подостапни за апсорпција.
Со загревање на спанаќот се ослободува врзаниот калциум,што го прави подостапен за телото за апсорпција.Истражувањата покажуваат дека спанаќот на пареа го одржува нивото на фолати (Б9),што може да го намали ризикот од одредени видови на рак.
Варените моркови содржат повеќе бета-каротин од сировиот морков,супстанца наречена каротеноид која телото ја претвора во витамин А.Овој витамин растворлив во масти го поддржува растот на коските,видот и имунолошкиот систем.
Пиперките се одличен извор на антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем,особено каротеноиди,бета-каротин, бета-криптоксантин и лутеин.Топлината ги разградува клеточните ѕидови,со што каротеноидите полесно ги апсорбираат нашите тела.