Проблеми што ни ги создава недостигот на вода се сува кожа, настинки и грипови, и токму затоа е многу важно телото да остане хидрирано.
Водата, како и храната, е нешто без кое нема живот и е одговорна за правилно одвивање на сите процеси во телото. Но, колку вода е доволно вода за да се чувствувате 100% здрави?
Во просек, телото се состои од 60% вода, а научниците препорачуваат количина од 2 литри дневно за внатрешните органи прописно да си ја вршат својата работа.
Доколку сте бремени, физички повеќе активни или имате одредена здравствен проблем (како дијабет), количината вода што треба да ја внесете може да биде различна.
Најсигурно е да се консултирате со стручно лице а потоа самите да проверите дали забележувате некој од знаците на дехидратација што ќе ги наведеме подолу. Ова е многу важно бидејќи иако постојано имате шише вода со вас, постои шанса таа количина на вода да не е доволна за вашиот организам.
Постојано чувствувате жед
Жедта не е ништо невообичаено, но она на кое треба да обрнете внимание е колку често мокрите. Врз фреквенцијата на посети на тоалетот може да влијаат одредени лекарства што можеби ги примате но и вашата возраст, а еден возрасен човек во просек мокри 4 до 10 пати дневно.
Додека ова не е конкретен показател за тоа дали сте дехидрирани или не, сигурно не е нормално да поминете 8 часа на работа и ниту еднаш да не појдете во тоалет.
Имате чести главоболки
Ако мигрените и главоболките за вас се „добро утро“, проблемот можеби лежи во недоволното пиење вода. Дехидратацијата е чест причинител на главоболки и се верува дека при недостаток на вода се намалува волуменот на крвта во телото, што резултира со намален доток на кислород во мозокот и ширење на крвните садови.
Имате лош здив
Доктор Харолд Кац работи како бактериолог. Тој вели дека дехидратацијата предизвикува халитоза, односно размножување на бактериите во устата кога таа е сува што резултира со лош здив.
Може да си помогнете со пиење неколку чаши вода помеѓу оброци – ќе ги разбиете остатоците од храна и ќе го одржите нивото на плунка во устата. Плунката има антибактериско дејство, а кога немате доволно, бактериите забрзано се размножуваат.
Гладни сте и имате постојана потреба од шеќер
Пред да посегнете по последната коцка чоколадо, запрашајте се дали сте всушност жедни. Кога сте дехидрирани, хипоталамусот во вашиот мозок понекогаш не може да препознае дали сте гладни или жедни бидејќи ги регулира знаците и за двете потреби.
Така ве тера да мислите дека ви се јаде нешто слатко или дека вечерата не ви била доволна. Следниот пат напијте се чаша вода и проверете дали тоа е тоа што навистина ви е потребно.
Концентрацијата не ви е најјака особина
Ова е симптом и на недостаток на сон, но може да биде и недостаток на вода. Повторно поврзано со дотокот на крв во мозокот – нема доволно вода, нема доволно кислород во мозокот, нема можност да правилно функционирање.
Чувствувате недостаток на енергија
Дехидратацијата придонесува за намалена циркулација на крвта што го тера телото да ја зачува својата енергија. Оттука вашата потреба да дремнете неколку пати во денот, па дури и ако сте спиеле повеќе од 8 часа во текот на ноќта.
Страдате од опстипација
Без доволно течност во телото храната не може правилно да се испроцесира, па доколку имате потешкотии при празнење на цревата потрудете се да внесувате повеќе вода. Водата делува како лубрикант и допринесува за редовно празнење.