ОБЈАВЕНО БОГАТСТВОТО НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Ги надмина Бекамови, за една работа заработува најмногу, а се споменува и Дијана!

popara19 април, 20231min00
Screenshot_4

Личното богатство на британскиот крал Чарлс III (74) денеска се проценува на околу 680 милиони евра. До таа бројка е дојдено со годишната анализа на „списокот на богати“ во Обединетото Кралство, објавена во лондонскиот „Сандеј тајмс“.

 

 

 

Во однос на богатството, кралот ја надмина својата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина во септември минатата година на 96-годишна возраст, а чие богатство  беше проценето на околу 420 милиони евра. Кралот Чарлс, кој моментално се подготвува за крунисувањето, е побогат од голем број негови познати поданици кои се познати по нивните „дебели“ банкарски сметки, како Дејвид и Викторија Бекам или Елтон Џон.

 

Деталите од извештајот на „Сандеј тајмс“ покажуваат дека најголемиот дел од приходите на кралот потекнувале од „изнајмување на комерцијални имоти“ во различни делови на Англија, што донело речиси една третина од заработката, речиси 20 милиони евра.

 

Највредните средства на кралот Чарлс се имотот Сандрингам и замокот Балморал во Шкотска. Аналитичарите процениле дека Сандрингам моментално вреди околу 276 милиони евра, а Балморал и имотот околу него околу 237 милиони. Сандрингам на кралот му носи и приход од туризмот и од фабриката што произведува сок од јаболко.

 

„Многу луѓе се збунети кога зборуваат за кралските финансии. Тие погрешно мислат дека кралското семејство лично ги поседува кралските имоти и војводства”, објасни Роберт Хардман за „Тајмс“, автор на една од последните биографии на кралицата Елизабета.

 

„Но, нивните финансиски извештаи не се воопшто сложени како што се во некои други кралски семејства и владетели во други земји. Тие се многу транспарентни. Нашата монархија не е толку богата како што многумина мислат. Никогаш не помислив дека кралот е милијардер”, додава Хардман.

 

Анализата за богатството на кралот ја објави „Сандеј тајмс“ во време кога сите погледи се вперени во Виндзор, на само неколку недели од нegovoto крунисување на 6 мај, во Вестминстерската опатија во Лондон. Со таа церемонија, власта формално ќе му биде предадена на Чарлс, кој стана крал по смртта на неговата мајка.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma