Откако светот беше шокиран од снимката на која Далај Лама бара мало момче да го бакне во уста и да му го „цица јазикот“, сега на Твитер се појави видео на кое се гледа како тибетскиот верски водач несоодветно ја допира по нозете пејачката Лејди Гага.
На видеото се гледа како Далај Лама седи до Лејди Гага, а во еден момент ги гледа нејзините искинати фармерки. Потоа ја испружува левата рака и со прстите ја допира кожата на пејачката. Кога се обидел да го стори истото на другата нога, поп ѕвездата го фатила за рака и го запрела.
Newly surfaced video of the Dalai Lama and Lady Gaga shows the spiritual leader, who is currently facing backlash for sexually assaulting a young boy, tickle and touch Lady Gaga’s legs before she places her hand on his to block him from touching her. pic.twitter.com/8mRKXsvDdS
— Oli London (@OliLondonTV) April 13, 2023
„Имам чувство дека ќе гледаме уште вакви видеа“, „Не знаев дека е толку лигав“, „Веројатно планираше да го направи ова јавно за сите да мислат дека само си игра наоколу. Перверзен“, „Вистината секогаш излегува на виделина“, се само дел од коментарите на корисниците под објавата.
Да потсетиме, непримерниот чин на 87-годишен старец со момче се случил во храм во Дарамшала, Индија.
Dalai Lama sexually assaults a child!
Why isn’t the media talking about this?
— Oli London (@OliLondonTV) April 10, 2023