Објавен е трејлерот за серијата во која Софија Вергара игра опасен шеф на нарко подземјето

popara2 декември, 20231min00
o_30444599_1280

Минатата година Нетфликс го најави доаѓањето на „Гриселда“ со Софија Вергара во главната улога, а сега пристигна и трејлерот за долгоочекуваната серија, која на стриминг сервисот ќе пристигне на 25 јануари 2024 година. Планирани се шест епизоди, а ја продуцираше истата екипа која стои зад серијата „Narcos“.

Во центарот на приказната е вистинската приказна за Гризелда Бланко и нејзиното патување од грижлива мајка до еден од шефовите на американското подземје. 51-годишната Софија Вергара, која ја видовме во популарната серија на ABC „Модерно семејство“, ја игра Гризелда Бланко, колумбиски нарко бос, позната по прекарот „La Dama de la Mafia“. Вергара истакна дека со улогата ја поврзува потеклото, мајчинството, но и тешкиот почеток во животот во Америка.

Во текот на 70-тите и раните 80-ти, Гризелда стана шеф на трговијата со кокаин во подземјето на Мајами. Таа, исто така, беше обвинета дека била дел од картелот Меделин основан и предводен од Пабло Ескобар. Серијата „Гризелда“ е приказна за посветена мајка која го создала најпрофитабилниот картел во историјата.

Продуцент на серијата е Ерик Њуман, а режисер Андрес Баиз. Во серијата глуми и добро познатиот латино пејач Карол Џи, која ја играше Карла – една од најдоверливите личности на Гризелда. Во коментарите на YouTube, фановите веќе ја фалат глумата на Софија Вергара иако го виделе само трејлерот.

„Ова беше прилика за неа да се покаже во друг жанр и да излезе од нејзината комфорна зона, што е многу храбро“, изјави режисерот на серијата за Вергара и нејзината улога.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma