Трејлерот за најновиот „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“ ја виде светлината на денот. Том Круз и тимот се трудеа да имаат неверојатни кадри кои ќе не остават со отворена уста. Еден од нив е кога Итан Хант (ликот на Том Круз во „Невозможна мисија“, уред.) вози мотор и скока од карпа.
Круз прави некои од најсмелите акробации во неговата долга и разновидна кариера.
Ова е седми филм на Том од франшизата „Mission: Impossible“, а се зборува дека е можно да има и осми дел, пишува Дејли Мејл.
„Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One“ ќе се појави во кината на 14 јули 2023 година.
Погледнете го трејлерот: