Објавен трејлерот за филмот за групата „Wham!“: Се знае кога ќе пристигне на Нетфликс

popara16 јуни, 20231min00
george-michael-andrew-ridgeley-830x0

Филмот “Wham!” содржи архивски снимки од историјата на дуото и досега невидени интервјуа со Џорџ Мајкл, Ендру Риџли и други.

Нетфликс го претстави новиот трејлер за “Wham!”, претстојниот долгометражен документарен филм за истоименото поп дуо од 1980-тите.

Документарецот, кој треба да биде објавен на споменатиот стриминг сервис (Netflix, prim.aut) ширум светот на 5-ти јули, се занимава со историјата на Џорџ Мајкл и Ендру Риџли и нивното време поминато во групата “Wham!”, од моментот кога тие првпат се сретнале како тинејџери, до врвот на славата. Можете да погледнете зад сцената на подемите и падовите на бендот за време на врвот на нивната слава, истовремено оддавајќи почит на животот и кариерата на Џорџ Мајкл.

Филмот “Wham!” содржи архивски снимки од историјата на дуото и досега невидени интервјуа со Џорџ Мајкл, Ендру Риџли и други, пренесува „NME“.

Дуото имаше кратка, но успешна кариера, која траеше од 1981 година до нивното распуштање во 1986 година. Во текот на пет години, познатата група објави два студиски албуми – „Fantastic“ од 1983 година и „Make It Big“ од 1984 година – како и две варијации на последниот трет албум. Третиот албум беше насловен „Music from the Edge of Heaven“ во Северна Америка и Јапонија. На другите територии албумот беше објавен под насловот „The Final“.

Тие се најпознати по нивните хитови „Wake Me Up Before You Go-Go“ и „Last Christmas“.

Погледнете го трејлерот: