Актерката Мишел Фајфер објави неколку фотографии со модринка на окото, што ги загрижи сите нејзини следбеници на Инстаграм.
Актерката која во седмата деценија често објавува селфи без шминка, овој пат ги загрижи своите обожаватели.
Мишел на својот Инстаграм профил покажала модринка на окото, а потоа открила дека несреќата се случила додека играла Пиклбол.
ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Пиклбол е вид на мини-тенис со мали дрвени рекети и топче со малку поголеми димензии и различен материјал од оној што се користи во тенисот.
Окото на актерката било отечено и модро.
Мишел се пошегува и со својот шминкер дека ќе има полни раце работа.