Оваа актерка одбива да подлегне на естетски зафати: Ми се допаѓа што лицето ми старее (ФОТО)

popara24 август, 20231min00

Холивудската актерка Шарлиз Терон (48) изјави дека не сака да се потчинува на одредени правила со кои владее светот на познатите.

Шарлиз Терон е природна убавица меѓу актерките, една од ретките. Оваа Јужноафриканка со долга кариера во Холивуд изјави дека е бесмислено да се забавува процесот на стареење.

Таа изјавила дека и се допаѓа што лицето и старее.

– Лицето ми се менува, а ми се допаѓа што е така и што лицето старее. Но, луѓето мислат дека сум имала лифтинг бидејќи ме прашуваат што сум направила. Морам да им кажам дека тоа не се случило – рекла Шарлиз, а пренесува „Allure“.

Шарлиз кажа и што презира кога станува зборува за убавината.

– Отсекогаш сум имала проблеми со тоа што мажите во години сакаат фини вина, а жените цвеќе. Го презирам тој концепт и сакам да се борам против него, но мислам и дека жените сакаат да стареат на начин кој им одговара – изјавила актерката.

Таа изјавила дека повеќе нема да подлегне на никакви драстични промени на телото во кариерата.

– Никогаш повеќе нема да снимам филм за чии потреби ќе треба да се здебелам 20 килограми. Сега сум на возраст каде што нема да може да се симнат така лесно. За жал, тоа го направив кога имав 43 години и после тоа поминав една година обидувајќи се да се вратам на својата тежина, а на крајот му се јавив на докторот и му реков дека мислам дека сум болна бидејќи не можам да ослабам. Сепак, ме потсети дека сум на возраст каде тоа оди потешко – искрена беше Шарлиз.

Таа додаде дека се е полесно кога си помлад. Објасни дека мора редовно да тренира за да не се здебели.

Признала и дека поради вишокот килограми, нејзината стилистка често имала проблем како да ја облече за премиерите на некои филмови.

Терон истакна дека нема да потпадне под влијание на доминантниот тренд и да подлегне на некоја естетска операција. Таа бира да старее нормално и природно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma