Колку пати и да си ветивме дека ќе ослабеме до лето, некако повторно ни снема време. Иако единствениот вистински начин до идеална тежина е корегирана исхрана и физичка активност, размислете добро дали и вие ја правите оваа грешка која додава килограми.
Повеќето луѓе брзо го јадат оброкот за пет до десет минути, бидејќи денот им е полн со обврски и брзаат што побрзо да ја завршат храната. Во овој случај, храната не е доволно џвакана, што може да доведе до проблеми со варењето, но и до прејадување.
Оброкот треба да трае најмалку 20 минути, бидејќи на мозокот му треба време да го прими сигналот дека стомакот е полн. Ако мозокот мисли дека се уште сте гладни, ќе имате потреба да јадете повеќе. Особено ако вашиот ум е окупиран со други работи: јадење додека гледате телевизија, проверување што има на социјалните мрежи.
Истражувањата покажаа дека луѓето јадат околу 15 проценти повеќе храна ако гледаат телевизија или работат на компјутер за време на оброк.
За да спречите несакано прејадување, треба да јадете свесно. Кога ќе почувствувате глад, прво испијте чаша вода бидејќи се случува да го помешаме чувството на глад и жед. Ако и по дваесет минути сте уште гладни, време е за оброк.
Џвакајте го секој залак најмалку 20 пати и бидете фокусирани на вкусот на храната што ја јадете, а овие нови навики многу брзо ќе влијаат на вашата тежина.