Оваа криенка открива какви сте во љубовта: Што прво забележувате на сликата?

popara17 февруари, 20231min00
opticka-iluzija-830x0

Досега низ нашата рубрика поминаа многу мозочни игри и криенки, но ниту една од нив не можеше да ги открие тајните на вашиот љубовен живот

Оптичките илузии имаат функција да не забавуваат, но и да ја откријат нашата подлабока, внатрешна страна.

Една од нив, токму оваа што ви ја претставуваме, може да го „процени“ вашиот карактер кога се во прашање емотивните врски.

Добро погледнете ја фотографијата. Што видовте прво: дрвјата, танцувачката двојка или лицето со мустаќи?

Според магазинот „Тајмс“, она што прво го гледаме не е само одраз на она што нашите очи првенствено го перцепираат, туку и она што нашиот ум го толкува и разбира.

Дрвја

Ако прво ги забележавте дрвјата, довербата е клучен фактор во вашата врска, но тешко ви е да ја дадете некому, сè оди според заслугите; исто така никогаш не брзате да запловите во нова романса.

Заљубен пар

Ако погледите прво ви „слетаа“ на заљубениот пар, тогаш еднаквоста ви е најважна во романтичната врска. Не толерирате непочитување и се обидувате да одржите компромис во сите аспекти на врската.

Лице со мустаќи

И на крај, лицето со мустаќи претставува емоционални потешкотии; ако сте слободни, се опоравувате од некоја емоционална траума. Практикувајте љубов кон себе за да заздравите што побрзо и да го отворите срцето за нови љубови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma