Едноставно и лесно за правење
Оваа маска е феноменален извор на антиоксиданси, доста е компактна и се користи за кожа која има проблеми со мозолчиња. Воспалена, црвена, па дури и со црни точки, длабински ги чисти порите и ја подобрува епителизацијата на кожата на површината. Го намалува црвенилото и иритацијата, а за ефектите да бидат очекувано добри, користете ја два пати неделно во рок од три месеци.
За оваа маска потребни ви се еден морков и две лажици мед.
Морковот убаво измијте го и исчистете го, па жив сомелете го во блендер. Додадете мед во него и добро измешајте. Нанесете ја оваа смеса на лицето и држете ја 35 минути, а потоа измијте ја со топла вода.
Доколку сакате да го ексфолирате лицето, слободно оставете го морковот малку покрупен и потоа втријте го на лицето.