Ако мислевте дека џемперите се наменети само за студената зимска сезона, се лажете
Многу модни експерти тврдат дека џемперите ќе предизвикаат голема популарност на пролет и ќе се носат со се. Многу е можно да се носи како алтернатива на сакото.
Можеби мислите дека е тешко да ги комбинирате, но тоа не е точно. Доколку немате инспирација за тој ден, можете едноставно да го закопчате, но и да го комбинирате со мини здолништа, долги, тесни или широки фармерки.
Никогаш целосно не исчезнаа од нашите гардероби, но во последните сезони не ги забележуваме на радарот на трендови.
Но, за пролет/лето 2023 година, видовме ваков тип на џемперчиња во колекциите на многу дизајнери – без разлика дали се во светли бои, дезени или неутрални тонови – и сигурни сме дека наскоро ќе завладеат на нашите „feed“–ови на Инстаграм.
И покрај тоа што џемперите изгледаат помалку формално и опуштено, со правилна комбинација и малку модно знаење, тоа можете да го промените и да креирате стајлинзи по ваш вкус.
Изгледа дека 2023 година ќе биде многу пообична година кога станува збор за модата. Кога го кажуваме тоа, не мислиме дека ќе носиме „вреќи“ и ќе мислиме дека сме во тренд, туку работите кои ќе бидат популарни едноставно ќе бидат достапни за сите.