Оваа навика при јадењето ни прави повеќе да се дебелееме: Итно сменете го однесувањето на масата

popara25 април, 20231min00
hrana-830x0 (1)

Истражувањето спроведено на институтите во Бразил покажа необичен заклучок – телефоните дебелеат.

Дали се сеќавате на „Кога јадеш, не зборувај“ или „Не играј додека јадеш“ кои ви ги кажувале како мали? Оваа студија се базира на тоа.

Можеби ова е нешто што едвај го забележувате, но бројките покажуваат поинаку.

Имено, речиси е сосема нормално луѓето за време на оброците да не се концентрираат само на јадењето пред себе, туку во секој момент од појадокот, ручекот и вечерата да гледаат нешто на телефонот или да ги следат социјалните мрежи. Резултатот од ова, што е потврдено со една студија, е дека јадењето на таков начин акумулира повеќе калории отколку што е вообичаено.

Како е тоа можно?

Она што всушност ве дебелее е отсутноста.

Генерално, храната ја ставате во чинијата рамномерно, а ако сте во ресторан, веројатно добивате поголеми порции. Сепак, експертите објаснија дека факт е дека користењето социјални мрежи, телефоните и играњето игри ни го одвлекува вниманието и не се концентрираме на јадењето.

Па така, заситеноста се игнорира и како да е вклучен режимот на „автоматско хранење“, додека нашиот мозок се пренасочува кон она што се случува на екраните. Не престануваме да јадеме кога ќе се заситиме, туку ја завршуваме целата чинија без разлика дали ни е премногу или не.

Промената на навиките е составен дел од понатамошните промени и напредок, затоа фокусирајте се на светот надвор од екранот.

Јасно е дека не е важно само што јадеме, туку и како.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag